Започнува зимското работно време

93

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ ги известува сите граѓани дека од утре започнува зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува претпријатието.

Работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде: од понеделник до петок: од 7 до 21 часот, а во сабота: од 7 до 14 часот.

На јавната површина наменета за паркирање-зона Д, работното време останува исто, односно: од понеделник до сабота – од 7 до 23 часот.