Започна регионалната конференција Обновен наратив за забрзана интеграција на ЕУ/ГАЛЕРИЈА

322
Регионалната конференција „Обновен наратив за забрзана интеграција во ЕУ“ која се  одржува денска во Скопје во организација на Алијансата на либерали и демократи за Европа – АЛДЕ и Либерлано демократската партија – ЛДП ја отворија Горан Милевски, лидер на ЛДП и министер за локална самоуправа и Здравко Почивалшек, министер за локален развој и технологија, лидер на СМЦ.
Фото: Н.Батев
Во рамки на конференцијата ќе се одржат панелите: „Иднината на ЕУ: Во кој правец се движи Европа во 2021“ и „Членство на С. Македонија и Западен Балкан во ЕУ: како и кога?“ на кои ќе говорат Никола Димитров, заменик претседател на Владата за европски прашања и пратеничката Моника Зајкова, потпретседателка на ЛДП, како и останатите политичари од Европа како Илхан Ќучук, Лилиани Танги, Мишел де Магд, Хелмут Брандштерт, Ирена Јовева, Роман Јакиќ, Станислав Атанасов, Ленарт Салеминк.