Запознајте го Симба, првиот лав зачнат со вештачко оплодување/ВИДЕО

20

Во Сингапурската зоолошка градина се роди првото младенче лав зачнато со вештачко оплодување. Младенче по име Симба никогаш нема да се запознае со неговиот татко Муфаса, бидејќи стариот лав не беше оживеан по постапката за оплодување.

Симба е единствениот потомок на Муфаса, бидејќи тој никогаш не успеал да се размножува поради неговата агресивна природа, пренесува Би-Би-Си.

Зоолошката градина реши да ја продолжи неговата лоза преку овој ретко користен процес.

Од зоолошката градина објаснуваат дека процесот на земање на семениот материјал за вештачко оплодување е направен со „електро-ејакулација“, но за жал Муфаса, кој имал 20 години и ги надживеал своите браќа и сестри за 6 до 10 години, морал да биде еутаназиран после тоа.

Како што беше речено од зоолошката, Муфаса не само што беше стар, туку страдаше и од атрофија, па основната постапка беше неговата евтаназија „на хумана основа“.

„Сперматозоидите собрани додека Муфаса беше под анестезија беше секундарна процедура, но важна, за да продолжи неговата лоза“, велат во зоолошката градина.

Симба, кој, како и неговиот татко, носи име на лик од класиката на Дизни „Кралот лав“, е роден во октомври, но неговото раѓање не беше соопштено веднаш.


Тој напредува добро и покрај тоа што имаше проблеми со неговата исхрана, бидејќи неговата мајка Кајли имаше воспалени жлезди, па се хранеше од шише.

Зоолошката градина проценува дека гените на Муфаса што ги носи Симба ќе имаат „голема вредност за придонес кон генетската разновидност и одржливост на популациите на африкански лавови во зоолошките градини“.

Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) ги класифицираше овој вид животни видовите како ранливи.