Заменикот на Груби во Министерството за политички систем Илхан Рахман е позитивен на Ковид-19

42

Илхан Рахман, заменик-министерот во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, со кое раководи Артан Груби од ДУИ, преку „Фејсбук“ ја извести јавноста дека е позитивен на коронавирусот.

Сакам да Ве известам дека покрај сериозното почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19, после благите симптоми од покачена телесна температура резултатот на вчерашното мое тестирање е позитивен. Што покажува дека не сум успеал доволно да се заштитам. Апелирам до сите максимално и константно да се придржуваат на протоколите и мерките за заштита, напиша Рахман.