Залутан кит во реката Темза/Видео

51

Бел или арктички кит залуталво реката темза во Велика Британија. Експертите предупредуваат дека овој залутан цицач е најверојатно загрозен, па ги молат граѓаните да не му се приближуваат туку да го следат од брегот.

Ризикот е голем и многумина се плашат дека китот нема да успее да си го најде патот назад. Овие китови се хранат со медузи и мали риби, кои ги нема во Темза бидејќи е премногу загадена.

Активистите за заштита на животните денеска соопштија дека засега китот добро се храни и силно плива и очекуваат дека брзо ќе се врати кон отворено море.

Арктичкиот кит привлече огромно внимание кога во вторникот исплива од Темза, во областа Грејвсенд, околу 50 километри источно од Лондон. Вообичаено место каде се наоѓаат белите китови се ледените арктички води.