Закрпени дупките на „Цветан Димов“

67

Општина Чаир продолжува со санирање на оштетените улици на нејзина територија. Деновиве заврши асфалтирањето на оштетениот дел на булеварот „Цветан Димов“ на која што беше потребна итна интервенција како една од најфреквентните зони во сообраќајот.

– Знам точно кои улици имаат потреба од интервенција во Чаир и секој ден во мојата работна агенда, приоритет се барањата на граѓаните кои се обидувам да ги реализирам, затоа малку трпение и доверба! Има прогрес во секоја област, но има уште многу работа која заедно ќе ја направиме реалност – напиша градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу на фејсбук.