Закани со бомби упатени до медиуми и аеродроми во Бугарија

58

Бугарската полиција почна да ги истражува неколкуте закани со бомби упатени преку мејлови до медиумски куќи во Софија и до големите аеродроми во Бугарија.

Тимови на специјалната полиција барале ескплозив на аеродромите во Софија, Пловдив, Варна и Бургас и во редакциите на бугарската државна телевизија и водечкиот весник „24 часа“, но не пронашле ништо.

Полицијата соопшти дека „очигледна цел била да се наруши нивната работа“. Полицијата додаде дека слични пораки биле испратени и до аеродромите и медиумите во други земји на ЕУ, но не наведе за кои земји станува збор