Долго време се шпекулираше и конечно се потврди за титулата во тешка категорија во бокс во рингот силите ќе ги одмерат најдобрите „супертешкаши“ на денешницата, Британецот Тајсон Фјури и Украинецот Олександр Усик.

Се уште нема точен датум, но се претпоставува дека двајцата ќе влезат во рингот или кон крајот на декември или почетокот на јануари, додека се знае само дека ќе се борат во Саудиска Арабија.

Веќе е познато дека пред овој спектакл, кој можеби ќе биде и најважниот меч во 21 век, Тајсон Фјури во октомври ќе има борба против ММА „ѕверот“ Френсис Нгану. Тоа ќе биде и борбата во која Нгану ќе заработи повеќе отколку во целата своја досегашна кариера…

Неодамна Александр Усик ја одбрани светската титула во тешка категорија кога во деветтата рунда во Вроцлав (Полска) со технички нокаут го победи Даниел Дабоу од Велика Британија, додека „кралот на циганите“ Тајсон Фјури брутално го скрши својот стар ривал Дерек Чисора минатата година и веднаш му се јави на Александр Усик.