Заев ќе претседава со следниот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација на ЕУ

25

Премиерот Зоран Заев ќе претседава со состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација што на 19 овој месец ќе се одржи во Брисел.

Од Владата попладнево соопштија дека со оглед на ротирачкото претседателство со Советот за стабилизација и асоцијација предвидено е со годинашниот состанок да претседава премиерот Заев, а копретседавач од страната на ЕУ ќе биде високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Во делегацијата на Северна Македонија ќе биде и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, а од страна на делегацијата на ЕУ ќе учествува и комесарот за добрососедска политика и проширување Јоханес Хан.

Информацијата за 15-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, со Нацрт-платформа за настап на македонската делегација се усвоени на денешната владина седница.