Заев се извини на ЛГБТИ заедницата

109

Премиерот Зоран Заев преку Твитер упати извинување до ЛГБТИ заедницата и појаснување дека во изјавата што ја даде вечерва зборот „педер” го употребил за да даде карактерна особина, а не да означи сексуална припадност.

ЛГБТИ заедницата ја има мојата голема почит. Затоа, пред да го употребам зборот „педер” упатив извинување. Тој збор го употребив за да дадам карактерна особина, а не да означам сексуална припадност. Извинување за ЛГБТИ луѓето. Ќе се борам за нивните права, како и досега, напиша Заев на „Твитер”.

Претходно, коментирајќи го случајот „Рекет” Заев изјави дека нема, како што рече, да дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и да ме извини ЛГБТ заедницата, еден педер да ја симнат оваа Влада од власт. – Не. Ќе се бориме до крај затоа што секој кој се инволвирал секако ќе си носи одговорност, изјави Заев.