Дома МАКЕДОНИЈА Заев се врати од одмор

Заев се врати од одмор

134
Премиерот и министрите се вратија  од одмор, а за денеска е закажана нова седница на Владата.

Владата ќе ја одржи редовната 149-та седница со неколку точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес за граѓаните.

Како што соопштија од владината прес-служба, на денешната седница на предлог на Министерството за одбрана ќе се разгледаат информации за плановите за учество на Македонија во силите на НАТО за обезбедување на југоисточните и источните граници на Алијансата и за плановите за заедничко учество на земјава и Франција во операцијата на ЕУ во Централноафриканската Република.