Прогресивното одданочување не значи зголемување на даноците на граѓаните, туку претставува само симболична порака на солидарност, изјави премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со министерот за финансии Драган Тевдовски. Тој појасни дека овој данок ќе зафати само 1 отсто од вкупниот број на граѓани, бидејќи како што рече платите на вработените во ИТ секторот изнесуваат 1.000 евра, а на докторите специјалисти со септемвриското зголемување ќе достигне 90.000 денари.
Според премиерот Заев за сметка на прогресивното одданочување социјалната помош по сите основи ќе се зголеми за 30 милиони евра, односно истата ќе порасне од 3.900 на 11.700 денари која ќе ја примаат над 70 отсто од социјално загрозените семејства во Македонија.