Во интервју за грчкиот весник „Ефимерида тон синдактон“,премиерот Зоран Заев вели дека дека нема да се кандидира за преседател на престојните претседателски избори,а меѓу другото одгавара и на низа прашања поврзани со догворот од Преспа, кандидатурата за Новеловата награда, членството во НАТО,за процесите и уставните измени.
Премиерот Зоран Заев во интервју за грчкиот весник „Ефимерида тон синдактон“,објаснува дека нема да биде кандидат за претседател бидејќи не сака да ја загуби радоста на моментот кога ќе се имплементира договорот . Тој во интервјуто се осврнува на повеќе прашања кои се однесуваат на односите меѓу двете земји и двата народи, за позитивните придобивки од Договорот од Преспа, за процесите во македонското Собрание и грчкиот Парламент, за членството во НАТО, претстојните претседателски избори кај нас, но и за кандидатурата за Нобеловата награда за мир.
Премиерот за Договорот од Преспа вели дека во иднина не може да се промени, а изразува надеж дека решението меѓу Македонија и Грција ќе добие зелено светло од пратениците и во двете земји, но не ја крие и неговата загриженост.
-Да, загрижен сум, како што сум загрижен и за нашето собрание, бидејќи, на крајот, гласаат пратениците, одговара Заев во однос на претстојните процеси во грчкиот Парламент, едниот за ратификација и на договорот, другиот за ратификација на протоколот за членство во НАТО.
Во однос на процесот кај нас, вели дека во овој момент не знае колку пратеници ќе гласаат „за“, но верува дека ќе бидат над 80. Објаснува дека во тек е процесот на поднесување на амандмани за уставните амандмани
-Секако, процесот се води во консултација со грчката Влада, бидејќи е важно да биде во духот на Договорот од Преспа, со единствена цел зајакнување на нашето пријателство, вели Заев.
Во однос на одбивањето на македонскиот претседател да ја потпише ратификацијата на договорот, Заев вели дека постојат алтернативни можности, но она што сега има предност се уставните измени.
За реакциите од опозициите и во Македонија и во Грција, Заев коментира дека тие се идентични.
-Исти критики. Како да се браќа близнаци. Она што го знам е дека нашата опозиција посакува да помине договорот за да нѐ критикува. Го почитувам господинот Мицотакис, како и секој грчки политичар. Зошто да не му даде шанса на договорот, поддржувајќи го?
Говори и за политиката на неговиот претходник Никола Груевски и проектот „Скопје 2014“ за кој објаснува дека чинел една милијарда евра, но и дека бил провокација за Грција.
Заев истакнува дека кога Ципрас дошол на власт испратил позитивна порака до нашата земја, а истото го сторил и тој со преземањето на премиерската функција.
Прашан за руските реакции, македонскиот премиер вели дека ние сме мала, но пријателска земја која што сака да ги зајакне односите и со Русија, но објаснува дека над 80 отсто од граѓаните се за евро-атлантска интеграција. Смета дека членството во НАТО ќе донесе мир и гаранции за мир на Балканот.
Македонскиот премиер вели дека преку еден пријателски начин, со голем политички ризик, но во интерес на земјите, може и Србија и Косово да најдат решение како што тоа го сторија Македонија и Грција и додава дека „откривме алатка која што може да се користи од целиот свет“.
Во однос на Нобеловата награда за мир, кога тој и грчкиот премиер беа предложени, Заев во интервјуто открива дека му пишал порака на Ципрас дека е голема чест, Ципрас му одговорил дека „најголемата награда за нас е нашето пријателство и подобрата иднина за нашите земји и нашите граѓани“.