Заев и Борисов ќе се поклонат на гробот на Гоце Делчев

88

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска ќе престојува во посета на Северна Македонија по повод заедничкото одбележување на двегодишнината од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Скопје и Софија.

Борисов претпладнево официјално ќе биде пречекан во Владата од премиерот Зоран Заев. Двајцата премиери и владините делегации ќе имаат билатерални средби на кои ќе го разгледаат напредокот на соработката на билатерален и мултилатерален план.

Премиерите Заев и Борисов ќе имаат заедничка прес-конференција во медија центарот на Владата по што ќе заминат во црквата „Св. Спас“ каде што ќе се полонат и ќе положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев.

Бугарскиот премиер во Скопје ќе има средба и со претседателот Стево Пендаровски.

Предвидено е Борисов и Заев потоа да заминат за Дојран каде што ќе положат цвеќе на споменикот на полковник Константин Каварналиев.