Заев: Избори, што е можно побрзо

86

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска во обраќање до граѓаните најави дека ќе побара организирање брзи предвремени парламентарни избори.

– Токму ова ќе биде мојот предлог на утрешната средба кај претседателот Стево Пендаровски. Организирање брзи предвремени избори најбрзо што може, избори на кои граѓаните ќе кажат по кој пат ќе одиме понатаму, изјави Заев.

Ваквата одлука следи по вчера спроведените интензивни консултации на различни нивоа во врска со заклучоците донесени на Европскиот совет со кои се одложи носењето решение за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија со Европската Унија.

Заев нагласи дека ние како држава испорачавме се што требаше за добивање датум за старт на преговорите за членство, а тоа што ЕУ не успеа да донесе одлука е нивна историска грешка.

Премиерот воедно се заблагодари на огромното мнозинство европски лидери кои се залагаа за донесување позитивна одлука за старт на преговорите.