Заев:Укажувањата на Венецијанската комисија ќе бидат вградени во законот

57

 

Законот за јазици денеска е испратен до Венецијанската комисија, заедно со двете алтернативни одредби и се очекуваа Комисијата во регуларен период да ги даде своите сугестии, кои потоа ќе бидат вградени во текстот.

Ова го изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кога очекува Комисијата да се произнесе по законот и дали постои волја препораките да се имплементираат во законот.

– Како и што пред повеќе од една година,кога почна дебатата за законот за јазиците, ги прифативме сугестиите за да ги отстраниме резервите на кој било граѓанин, така и сега велиме дека по изгласувањето, објавувањето и испраќањето на законот и по укажувањето на Венецијанската комисија, секое укажување ќе биде вградено, рече Заев.

Нагласи дека станува збор за дадено право, кое досега било забрането право.

-Да не му се плашиме затоа што се работи за употреба на јазици, полесно ќе се разбереме. Меѓудругото, според мене, досега беше блокиран процесот за да не дознаат граѓаните дека не е крај на светот. Тоа е уставно право на дел о од нашите граѓани од помалубројните заедници и тоа не повредува некое друго право, нагласи Заев