Заев:Благородната самопрегорност на волонтерите инспирира да ја шириме мисијата на волонтерството и солидарноста

18

И оваа година, на Меѓународниот ден на волонтерите, 5 декември, им оддаваме огромно признание на волонтерите за нивната неуморна посветеност и за безусловната љубов која ја даваат во многу процеси за доброто на заедниците, општеството и во поддршка на многу наши сограѓани кои не смеат да бидат запоставени, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук профил.

Оваа година, вели Заев, ја видовме инспиративната сила на волонтерите за време на пожарите на шумите во земјава, како и нивната континуирана активност да учествуваат во поддршката на нашите сограѓани во справувањето со заканите од пандемијата со КОВИД-19.

– Благородната самопрегорност на волонтерите инспирира да ја шириме мисијата на волонтерството и солидарноста. На овој ден, да ги охрабриме сите да се вклучат и да учествуваат во креирање на хуманото лице на заедниците, да прифатат доброволна акција за подобра иднина и да бидат горди дека биле дел од таа мисија, објави на фејсбук премиерот Зоран Заев.