Поп-пејачот Филип Пешевски очигледно многу сака кога е во друштвото на згодни водителки. Најпрво публиката ја освои снимајќи песна и спот со Лила Филиповска, а сега и со Ведрана Ѓорѓевиќ. Но, има мала разлика. Филип со Ведрана не пее, нема спот, но затоа, за утеха имаа заедничка фотографија.                                                Сето тоа се случи пред некој ден на “Макфестовскиот“ фестивал, зад сцената. И двајцата си посакаа да се сликаат во дует, а дали ќе имаат и песна во дует, дали и Ведрана ќе запее како Лила, е прашање кое е сега-засега без одговор.                        Кој да знае, Филип би требало да ја убеди Ведрана, има тој осет за се она што е убаво.
Д.М.