Задолжителна лектира за пред спиење: читајте за здравјето од ноктите

97

Причините за оштетувањата на ноктите можат да бидат најразлични, од надворешни -како јаки средства за чистење – до оние внатрешните причини како возраста, употребата на лекови и слично.

Еден од најчестите проблеми со ноктите е лупењето. Овој проблем се јавува кај јаки нокти коишто почнуваат да се листат, а во најлош случај почнуваат да се одвојуваат цели слоеви. Многу девојки сметаат дека ако посегнат по зацврстувач на лакот тоа ќе им ги спаси ноктите, но тој често знае само да ја влоши состојбата. Ако ноктите се исклучително суви на допир тогаш треба да ја хидрирате плочата на ноктот, но и да ја подобрите исхраната за ноктите да ги добијат неопходните витамини. За хидрирање и јакнење на ноктите особено се значајни уреата, калциумот и витаминот Б5.

Слично на овој проблем, многумина се соочуваат и со слаби и свитливи нокти коишто се склони на лупење, со таа разлика што причината за оваа појава е во користењето вештачки додатоци и големо количество лепак коишто не им дозволуваат на ноктите да дишат.

Иако причината за лошиот квалитет на ноктите е најчесто неправилната исхрана, нивниот изглед и промените на нив можат да укажуваат на разни нарушувања и болести. Изгледот и квалитетот на ноктите навистина можат да го покажат здравјето на целиот организам, односно по нив да се утврдат одредени нарушувања, па дури и првите знаци на потешки болести. Сепак, изгледот и структурата на ноктите на секоја личност го предодредуваат и гените, но ако на инаку здрави нокти почнат да се појавуваат одредени промени, тоа е доволен знак да се побара мислење од лекар или дерматолог.

Совет за пред спиење: Маслиново масло за нега на ноктите

 

 

Еднаш неделно потопете ги ноктите во маслиново масло на 20 минути. По овој третман избришете ги ноктите и намачкајте ги со хранлив крем за нега на нокти.