За прв пат во историјата, изворот на реката Темза се помести осум километри низводно

470

За прв пат во историјата, изворот на реката темза во Англија се поместо осум километри низводно.

Иако делови од речното корито во Глочестершир редовно се исушуваат во текот на летото, стручњаците велат дека фактот што Темза извира толку далеку низводно е загрижувачки знак за влијанието на климатската криза. Тоа се случува по повеќенеделните сушни периоди и температурите кои во текот на минатиот месец во делови од Велика Британија стигнаа и до над 40 степени Целзиусови.

„Она што го гледаме на изворот на славната река Темза, за жал, ја симболизира ситуацијата со која се соочуваме низ целата земја, сега и во иднина. Иако не е невообичаено изворот да биде сув во текот на летото, да се види реката како тече осум километри низводно е без преседан. Климатската криза предизвикува и ќе предизвикува уште поекстремни услови, вклучувајќи и суши и топлински бранови. Ова претставува сериозна закана за реките, а како резултат на тоа и на пошироката околина“ – изјави Кристин Колвин, директорка во Rivers Trust, организација за зачувување на околината.

River Trust ги повика домаќинствата да ја намалат потрошувачката на вода со вградување на тоалети со помал проток на вода, изградба на одржливи одводни системи со искористување на дождовницата, мочуришта и пропустливо поплочување за обнова на локалните залихи со подземна вода.

Реката Темза е долга околу 346 километри, тече источно од Котсволдс до Лондон и излегува на Северно Море. Тоа е втора најдолга река во Велика Британија по Северна, и на неа се одржуваат традиционални годишни трки со чамци меѓу Оксворд и Кембриџ.