Пакистанецот Асиф Мерчант, кој наводно е близок со Иран, е обвинет во САД дека планирал да убие американски политичар или владини претставници, соопшти денеска Министерството за правда.
Заговорот беше спречен, се додава.
Иследниците на ФБИ веруваат дека поранешниот претседател Доналд Трамп и други сегашни и поранешни функционери на американската влада биле цел на заговорот, објави Си-ен-ен, повикувајќи се на американски функционер.
Ројтерс јавува дека Асиф Мерчант (46) се соочува со обвинение за убиство за изнајмување на платен убиец пред федералниот суд во Њујорк.