Заврши протестот пред кривичниот суд, опозицијата најави нови протести и утре

67

Заврши протестот на опозицијата пред кривичниот суд во Скопје. ВМРО-ДПМНЕ повика на протести пред судот и утре, од каде што повторно ќе го изрази своето незадоволство од приведувањето 30-ина лица, меѓу кои пратеници и поранешни функционери од партијата, по повод настаните од 27 април.

Пред насобраните денеска се обрати Оливер Андонов кој оцени дека апсењата се политички и рече дека силата е во народот, a доколу Чавков сакал да направи државен удар, тоа ќе го сторел додека протестирале шарените.

Свое обраќање имаше и Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ, кој рече дека со апсењата се обидуваат да го срушат духот на Македонецот.

Меѓу присутните на протестот беа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, Коце Трајановски и Влатко Ѓорчев.

Опозицијата веќе два дена протестира и блокира повеќе клучни крстосници во Скопје од 15 до 17 часот.