Заврши дератизацијата во Карпош

50

Деновиве, заврши редовната есенска акција во која беа дератизирани околу 5.000 шахти на територија на општина Карпош.

Како што информираат од локалната самоуправа, во рамки на оваа активност,  е извршена темелна дезинфекција, дезинсекција и дератизација на сите основни училишта и детски градинки кои се нивна надлежност.

Општината, секоја година на пролет и есен презема тековна иницијатива за уништување на штетни глодари и инсекти, како превенција од евентуално ширење на заразни болести.