Заврши времето на стабилни цени на храната

113

Зголемувањето на цените на храната во Франција веројатно значително ќе се намали од јануари благодарение на преговорите меѓу трговците и производителите, но периодот на стабилни цени заврши, предупреди шефот на трговскиот ланец „Карфур“ (Carrefour,) Александре Бомпар.

Инфлацијата би требало значително да ослабне од следната година, изјави Бомпард за телевизијата БФМ, благодарение на иницијативата на локалната власт редовните преговори меѓу трговците и производителите да се поместат за шест месеци, од март во септември.

Растот на цените на храната би требало значително да падне под 10 отсто, наместо пет отсто, додаде претседателот на управниот одбор и извршен директор на францускиот трговски ланец.

Во август храната поскапела за 11,1 отсто, а стапката на инфлација изнесувала 4,8 отсто.

Минатата недела Бомпар предупреди дека Французите значително го намалиле купувањето на основните потреби поради високите цени. Трговците и производителите во Франција си ја префрлаат вината еден на друг, а владата потсетува дека цените на бројните суровини паднаа во изминатите месеци.

Шефот на „Карфур“ предупредува дека поради климатските и геополитичките фактори, цените на храната ќе продолжат да растат посилно во наредните години отколку во изминатите децении, кога тие се движеа меѓу нула и еден процент.

„Мислам дека времето на стабилни цени на храната дојде до крајот“, рече тој.