Заврши вештачењето на мобилниот на Катица Јанева

145

Завршено е вештачењето на одземениот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, изјавија од Обвинителството за весникот Вечер.

Според обвинителството, денеска е завршено вештачењето, но во интерес на натамошната истрага, деталите засега, нема да се споделат во јавноста.

Што е констатирано при вештачењето, ќе биде обелоденето кога ќе се создадат услови за тоа, изјавија од обвинителството за весникот Вечер.

Како што е познато, по барање на судот на специјалната јавна обвинителка Јанева, дента кога беше уапсен Бојан Јовановски, и е одземен еден од двата мобилни телефони кои ги поседувала. Вториот мобилен, како што викендов објави обвинителката Вилма Рускоска, повикувајќи се на изјава на синот на Јанева бил изгубен во Белград.