Забрана за Македонците кои сакаат во живо да го следат дуелот во Холандија!

165

Фановите на фудбалската репрезентација на Македонија нема да можат во живо да го следат последниот натпревар од групната фаза на ЕП 2020 против селекцијата на Холандија кој треба да се одигра во Амстердам.

  • Во врска со престојниот натпревар помеѓу репрезентациите на Холандија и Македонија, ве информираме дека се уште е на сила забраната за патување во Европската унија  на граѓаните од трети земји, е информацијата која е објавена на фејсбук страницата на Амбасадата на Холандија.

Сепак, и покрај забраната, се очекува репрезентацијата на Македонија да има подршка од Македонците кои живеаат во Европската унија.

Натпреварот помеѓу Македонија и Холандија треба да се одигра на 21. јуни.