Заборавено тенџере на шпорет предизвика паника за пожар во „папагал“ зградата во центарот на Скопје/ФОТО

429

Утрово две пожарникарски возила интервенираа на повик на граѓани за пожар во центарот на Скопје, во таканаречената „папагал“ зграда на булеварот Климент Охридски.

ФОТО: Ѕ.Плавевски

Имено, откако од еден од становите почнал да се шири чад, интервенирале противпожарните екипи, ја провалиле влезната врата од станот и не дозволиле да се случи поголема трагедија.

Како што дознаваме, се работи за стан во кој било заборавено тенџере на вклучен електричен шпорет.