Забавен експеримент во борбата со ковид-19: Брис од нос во замена за адреналинско возење во забавен парк/ВИДЕО

37

Холандските обожаватели на ролер-костери кои се согласија на земање брисеви од нос, можеа во текот на викендот да уживаат во адреналинското возење во забавниот парк, како дел од експериментот насочен кон ублажување на ограничувањата за контрола на коронавирусот.

Две илјади билети се понудени на забавниот парк „Hellendoorn“, кој во саботата стана првиот холандски адреналински парк отворен од воведувањето на рестриктивни мерки минатата година.

Експериментот бараше темелно планирање за да се обезбеди социјално дистанцирање, пишува Јутарњи лист.

Посетителите на забавниот парк над 12 години мораа однапред да резервираат билет и да направат тест за Ковид-19. Во паркот можеа да влезат само оние со негативен тест не постар од 40 часа.

Продадени се само околу 75 проценти од билетите, а директорот за продажба и маркетинг на забавни паркови Рене Пеул го објаснува ова со неподготвеноста на луѓето да се подложат на тестирање.