Жртвував се за тенисот, па и моите гради

92

Романската тенисерка, Симона Халеп, во отворено интервју за „Гардијан“ зборуваше за тоа што значи тенисот за неа и што се жртвувала за да стигне до првото место на ВТА листата и да стане гренд слем шампионка. Таа на 18 години реши да оди на операција за намалување на градите бидејќи и пречеле во тенисот.

  • Не бев изпалашена. Моето семејство беше исплашено, но јас не. Не се плашев бидејќи знаев дека морам да го направам тоа за тенисот. Сонот беше да бидам најдобра и се смеев додека одев на лекар. Потоа бев многу полесна и веќе ги немаше проблемите со грбот. Тоа беше најдобрата одлука која можев да ја направам. Бев посветена сто отсто на тенисот и

направив се за тенисот, вели Романката.

Инаку Романката имаше кошмарно враќање по тримесечната пауза. Загуби во првото коло на турнирот во Сиднеј од Австарлијката Ешли Барти со 6:4, 6:4. За Халеп турнирот во главниот австралиски град требаше да биде подготовка за првиот годинашен грен – слем, Австралија опен, кој стартува во понеделник. Таа предвреме ја прекина сеозната во 2018 поради проблеми со грбот, а и понатаму е лидерка на ВТА листата. Оваа година таа ја стартуваше без тренер.

Лани на Австралија опен играше во финалето и загуби од Каролина Вознијацки. Минатата година, на Ролан Гарос, Халеп го освои првиот грен-слем трофеј во кариерата.