Жител на Муртино на деца покажувал порнографски содржини

75

Против К.К. (48) од село Муртино, струмичко, поднесена е кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „прикажување на порнографски материјал на дете“.

Пријавениот, на 13 мај, на две деца кои му се доближиле додека ловел риби на реката близу село Еднокуќево, од мобилниот телефон им покажувал видеа со порнографски содржини.