Жителите да дадат идеи во креирање на буџетот за 2024 година

179

Општина Кисела Вода ги повикува своите жителите да дадат идеи во креирање на буџетот за 2024 година.

– Работејќи во постојана комуникација со нашите жители досега реализиравме бројни проекти кои им беа приоритетни, на кои чекале и по 30 години и за кои никој претходно немал слух. Сега, кога сме во подготовки на новиот Буџет за 2024 година, повторно ги користиме сите механизми за да им дадеме глас на нашите жители и да им овозможиме и тие рамноправно да учествуваат во неговото креирање – велат од општината.

Општина Кисела Вода, уште минатата недела, за време на отчетот, отвори штанд за идеи. Оттаму, велат од општината веќе имаат десетици анкетни ливчиња со предлози од нивните жители.

Од денеска вакви прашалници се достапни и во архивата на општината, а граѓаните своите идеи можат да ни ги достават и електронски на електронската адреса: tvojaideja@kiselavoda.gov.mk.