Жиру стана најдобар стрелец на Франција во историјата

25

Напаѓачот Оливие Жиру го собори рекордот на францускиот национален тим по постигнати голови.

Фудбалерот кој игра за Милан го отвори резултатот на денешниот осминафинален натпревар на Светското првенство против Полска во 44. минута.

Жиру сега има 52 гола за националниот тим. Тој го надмина достигнувањето на Тиери Анри.

Франција води на полувреме против Полска со 1:0.