ЖИВОТНИ ПАТОКАЗИ, ЗОРАН КРСТЕВСКИ: Позитивно чувство

761

Позитивниот пристап е исклучително битен за остварување на целите и за реализирање на потенцијалите. Без оглед што современиот начин на живеење е проткаен со многу борби, неизвесности, тешкотии и стресни ситуации, сепак позитивната мисла, волјата и оптимизмот се клучни за надминување на ограничувачките влијанија произлезени од надворешната средина.

Законот на привлечност дејствува во секој миг.Тој работи според принципот: со каква енергија зрачиш, такви нешта привлекуваш. Нашите мисли ја одредуваат нашата фреквенција – таа ја прикажува емоционалната состојба во која се наоѓа нашата личност. Ако се чувствуваме лошо, тоа значи дека се наоѓаме на фреквенција на привлекување негативни нешта. Сето она што го мислиме и што ќе го почувствуваме е показател каква ќе биде нашата иднина. Според Марк Шимоф: “Ако сте загрижени или уплашени, тогаш во текот на целиот тој ден привлекувате уште поголема загриженост и страв”.

Предност секогаш треба да им даваме на позитивните нешта.Она што е лошо да го оставиме зад себе и со оптимизам и верба да одиме напред во животот. Кога постојано се окупираме со негативните аспекти од минатото – за грешките кои сме ги направиле; за лицата и ситуациите за кои жалиме;за болките и страдањата со кои сме се соочиле, тогаш целосно сме под власт на законот на негативната енергија. Наместо страв, отпор и песимизам, многу подобро е да размислуваме за лицата и ситуациите кои придонеле прекрасно да се чувствуваме. Како ги доживуваме нештата, така и ќе се чувствуваме. Позитивен пристап е кога ударите на судбината не ги сфаќаме како пораз, туку како искуства од кои многу сме научиле, сме пораснале и сме допреле до духовната суштина на самите себе.

Најголемите успеси секогаш се плод на упорност, решителност и напорна работа.
Осознавањето на вистината и барањето на смислата произлегува од граничната ситуација на животот, кога си го поставуваме прашањето: Ќе ме биде или не?
Наместо да размислуваме: не можам, нема да успеам; многу покорисно е да пристапиме со афирмација: ќе најдам решение, вредам, можам и ќе го остварамтоа што го сакам. Негативната перцепција и песимизмот никогаш нé донесуваат позитивни резултати. Ако велиме: не вреди да се обидувам бидејќи однапред знам дека нема да успеам, тогаш успехот и среќата ќе останат далечни. Наспроти тоа, треба да кажеме: ќе се обидам, ќе се борам и ќе успеам да најдам решение за проблемот што ме измачува.

Проблемите се јавуваат кога луѓето недоволно инвестираат во својот личен развој и во градењето хармонични односи со другите. Кај многумина преовладуваат тесните интереси и моменталните себични потреби.

Предавањето на копнежот може целосно да го зароби духот на човекот, соочувајќи го со мегаломанијата и со вечното чувство на недостиг. Излезот е да го негуваме и сакаме тоа што е добро во својот живот и да бидеме среќни со тоа што го имаме. Кога претеруваме со барањето сé да биде идеално, нужно доживуваме разочарувања и живееме под влијание на законот на отпорот и недостигот.

Кога негативно ги перцепираме нештата, тогаш постојано се жалиме и бараме оправдувања за лошо да се чувствуваме. Некои лица не се задоволни од времето, па сметаат дека денот нема да биде убав, другипостојано се жалатна однесувањето на децата, третина партнерот, четврти на состојбите на работното место, на неправдите кои постојат на општествен план или на неискрените односи кои преовладуваат помеѓу луѓето, притоа барајќи ја во сите тие нешта причината за личното незадоволство и фрустрацијата. Со таков пристап што ни останува како избор? Да бидеме во меланхолија и депресија и да останеме со болките и страдањата? Напротив, излезот е да не се лепиме за надворешните аспекти на постоењето, туку да се отвориме за законот на афирмацијата и позитивната вибрација.

Правилен избор е кога правиме сé што е во наша моќ да ја промениме состојбата во која се наоѓаме, и доколкуво тој момент не успееме во намерите, со храбриот пристап и иницијативноста покажуваме дека сеприближуваме до целта. Понекогаш може да имаме 9 неуспешни обиди, но со 10 обид нештата да ги придвижиме кон позитивниот правец и да го оствариме тоа што го сакаме. Ако од самиот почеток кажуваме “не можам, нема да успеам”, тогаш колку и да се трудиме, нема да се извлечеме од негативната ситуација.

Понекогаш некои планови и активности треба да се одложат, но не смеат целосно да се пасивизираат. Мисловниот процес е ментален импулс, енергетски проток кон нештата што сакаме да ги постигнеме. Затоа, ако нештата не можеме да ги придвижиме со практично дело, можеме со збор и мисла. Ако не можеме да ги пренесеме со збор, секогаш ќе можеме со мисла. Промислувам со афирмација, дејствувам кон сé што ме прави среќен и води кон вистинскиот избор. За почеток, изборот треба биде насочен кон позитивната мисла, а потоа на ред ќе дојдеи позитивниот збор, за на крај да се оствари и постигне позитивното дело.

Не може делото да биде позитивно, ако мислите и зборовите се негативни.
Основана успехот е позитивно да мислиме, позитивно да се надеваме и позитивно да дејствуваме. Само со воспоставување на овие вредности,ќе можемеспокојно, опуштено и хармонично да живееме. Но, ако сме во постојана трка со времето, а кое е како стрела испуштена од лак, која никогаш не се враќа, тогаш ќе станеме нестрпливи, нервозни и несигурни. Кога опстојуваме со внатрешен немир и чувствуваме дека животните проблеми постојано нé притискаат, тогаш како ќе го постигнеме мирот и ќе го препознаеме тоа што го сакаме? Многу тешко ќе го препознаеме, и како што денес стана мошне актуелно – ќе влегуваме во површни љубовни врски, надевајќи се дека еден ден ќе се појави вистинската личност која целосно ќе внесе промена во нашиот живот. Кога не го добиваме тоа што го сакаме дополнително се разочаруваме и уште повеќе потпаѓаме под влијание на песимистичките мисли – дека постепено годините изминуваат, а ние ништо конкретно не сме направиле во животот.

Дали со негативна перцепција, со песимизам и со чувство на недостиг можеме да го постигнеме мирот и да ја оствариме целта? Иако и најдалечниот пат почнува со првиот чекор, сепак неретко е многу побитно да застанеме, да се потсмириме и да се запрашаме самите себеси: која е смислата на мојот живот; каква перцепција негувам; кон што сум ориентиран и дали умеам афирмативно да дејствувам? Ако самите на себе не си помогнеме, како ќе можат другите духовно да нéподигнат и помогнат да се извлечеме од кризата. Која е таа личност што ќе успее да внесе позитивна промена во нашиот живот, ако ние самите нéпрестанеме негативно да гледаме кон сé што ни се случува во животот?

Најдобри предуслови за живот да имаме, повторно ќе бидеме незадоволни, зашто сме се програмирале да бидеме фрустрирани и да ги забележуваме исклучиво неубавите нешта. Од друга страна, мора да ги преиспитаме и негативните ситуации, да ги утврдиме и елиминираме слабостите, и потоа целосно да уживаме во задоволствата на животот.

Заклучокот е дека клучот на мирот и хармонијата се наоѓа во нашите раце, ние одлучуваме каде и како ќе го употребиме. Ако се определиме за законот на позитивната вибрација и афирмација, нештата ќе бидат добри и убави, но ако се одлучиме за законот на отпорот и негацијата,нештата ќе останат лоши и неубави. Од нас зависи по кој пат ќе тргнеме и кон какви вредности ќе се насочиме.

(авторот е доцент доктор по филозофски науки и универзитетски професор)