Животната приказна на македонската нутриционистка Марија од Лондон на филмско платно  

362

Фасцинатната животна сторија за девојката од Кочани која преживеала 29 операции, кога со години се борале со вишокот килограми и потоа тоа искуство во време на пандемија го сподели со жените во нејзината родна Македонија, за тоа како дипломираниот политиколог станува угледен нутриционист во Лондон стана сериозен предизвик за филмска режисерка

Животната приказна на нутриционистката Марија Соколовска од Лондон, која во весникот “Вечер” беше раскажана пред три месеци, наскоро ќе биде снимена на филм. Холивудското сценарио испишано од реалниот живот на Марија која од почетокот на трауматичните денови на пандемијата на Ковид 19, на жените од Македонија им понуди здрава релаксација-бесплатни совети за здрава храна и ослободување од вишокот килограми е основата на филмската сторија.  Режисер на филмот е Василка Аврамовска, Македонка дипломирана на филмска академија во Лондон, која во моментов прави засилени подготовки за филмот.

Филмот според договорот со Марија Соколовска треба да се снима во Лондон, градот во кој таа живее и работи. Ќе има документаристички елементи со изјави од жени кои го подобрија здравјето или ослабеа за време на карнтиранот поради пандемијата, а се благодаренија на бесплатните упатства на Марија. Засега сме во фаза на сериозни подготовки- ни рече Аврамовска на која ова нема да и е прв филм.

Марија Соколовска вели дека е исклучително возбудена зошто и се случува филм.

Многумина ми викаат дека мојот живот е филм. Ако тоа е добра основа за сценарио се радувам на новиот проект- ни рече таа.

Марија знае да каже дека нејзината животна приказна е за роман. Родена е во Кочани, сега има 39 години и топ физички изглед. Но, животот воопшто не и бил лесен. На шест месеци, како бебе, се здобива со изгореници по телото од 60 отсто, има 29 операции, па во еден период дури е и физички неактивна. Студира и  дипломира меѓународна дипломатија, мажена е, мајка на едно прекрасно девојче. Во 2008 година заминува во Англија. Работи разни работи. Во 2011 почнала нејзината борба со килограмите. Тоа ја довело на курсот за нутриционисти. Од тогаш до сега завршила 9 курсеви и уште учи. Има дури девет сертификати од престижни школи со најпознати меѓународни предавачи, се сериозна верификација дека многу знае и многу може кога е во прашање слабеењето и здравјето на луѓето. Специјалист е за жени.

Сега Марија е етаблирана нутриционистка во Лондон, со десетици дипломи од најпрестижни школи за здравје, храна и фит изглед. Кога пандемијата со корона вирусот го зафати светот таа преку социјалните мрежи реши да им се посвети на жените кои се беспомошни, кои имаат проблеми со здравјето или килограмите. Бесплатно даваше совети и целото свое време и знаење да го посвети на едукација и помош на жените во нејзината родна Македонија. Секојдневно во 10 часот пак преку социјалните мрежи Фејзбук и Истаграм на илјадниците следбеници таа во живо и даваше инструкции за физички вежби, подготвуваше во живо храна од која се слабее. Методот на Марија илјадници жени направи среќни. За тоа таа вели:

Сето ова почна многу спонтано и не многу одамна. Решив да направам групи на социјалните мрежи Истаграм и Фејзбук за да бидам поблиску до моите пријатели истовремено да ја одржувам секојдневната рутина. Целта беше да се дружиме, да зборуваме за храната и да вежбаме. На една од групите на социјалните мрежи една членка бараше совет и препорака за еден препарат за слабеење. Јас кога го видов препаратот како се нуди во несоодветна амбалажа, направен од несоодветни состојки, напишав коментар да не си ги трошат парите, а највеќе да не го трошат своето здравје. И препорачав природен и бесплатно, односно тоа што го давам на моите клиенти додека се во процес на слабеење. Во истиот момент добив барање за пријателство од илјадници други кои бараа совет. Им препорачав чај и добивав пораки дека слабеат. Многу брзо од илјада станаа 5000 следбеници, па затоа морав да отворам и fun page за да можам да помогнам на сите кои бараат помош. Потоа бараа совет за храна, па затоа решив секој ден во 10 часот со моите следбеници да слабееме и да се дружиме и да ги советувам, ни раскажа Марија за почетокот на он лајн дружбите со жените од нејзината татковина.

Таа прави индивидуални планови на исхрана кој бара целосна анализа, но не се базира на крвна слика туку анализа со која се разгледува тежината, висината, годините, генетиката, боди типот, фамилијарната историја, се прави стрес левел тест, а потребни се и многу други параметри. Обично анлизата трае околу еден месец пред да се почне со процесот на слабеење и да му се одреди точна програма за слабеење на клиентот. Сега преку социјалните мрежи ми праќаат само описи, параметри и со мали корекции жените слабеат, ни објасни.

Специјализирав за консултант за слабеење на жени. Од тогаш работам со пасија, со љубов и уживање. Мојот метод е “Eat the reinbow” кој функционира кај 99 отсто од жените заедно со мојот магичен чај за слабеење, а наскоро сето тоа ќе биде објавено во книга “Eat the reinbow”,  вели Марија.

Лилјана Грџо Дамовска