Пејачот Жељко Шашиќ раскина со 17 години помладата Катарина Лазиќ, но вели дека и покрај таа промена, моментлано, емотивно му е добро.

        Жељко со поранешната девојка

–  Порано јас се шегував за свадбата. Ништо од тоа не постои. Сега сум слободен – изјави Жељко за „Курир“ во врска со раскунувањето со Катарина. Потоа додаде – Моментално вака ми е добро. И порано не сакав многу да зборувам за тоа, а не се ни сликав многу додека бев оженет.

Неговиот развод привлече големо внимание кај јавноста, но тој вели дека воошто тоа не го посакувал.

– Верувајте ми, јас не го сакав тоа. Тоа ми беше наметнато. Кога сфатив дека се е надвор од контрола реков: „Нема проблем, сега ќе одам да напишам книга“. Не само за тоа, туку и за други работи што се случија.

Соња, поранешната сопруга на Жељко

Потоа откри дали разговара со поранешната сопруга Соња.

– Мислам дека немаме причина да комуницираме.  Порано имавме причина да комуницираме заради заедничкото дете, но сега Софија порасна, откри пејачот