„Жешка јога“ против депресија: Само еден тренинг неделно значително го подобрува расположението

78

Само еден час на таканаречената „жешка јога“ може да ги ублажи симптомите на депресија, покажа новото научно истражување.

Практикувањето јога на температура од 40,5 степени Целзиусови, која во индиската традиција е позната како „Бикрам јога“ е исто така популарна меѓу познатите личности, а меѓу поборниците се и војвотката од Сасекс Меган Маркл, како и актерките Џенифер Анистон и Гвинет Палтроу.

Студијата покажа дека возрасните кои страдаат од депресија доживеале „значително“ намалување на симптомите кога ја практикувале оваа форма на рекреација, во споредба со контролната група која не вежбала.

Во текот на осумнеделното истражување, осумдесет депресивни пациенти беа случајно поделени во две групи: половината посетуваа 90-минутни часови по Бикрам јога двапати неделно, додека на другата им беше кажано дека се ставени на листа на чекање и не добиваат дополнителен третман.

Оние кои им препишале јога посетувале просечно 10,3 часови во текот на осум недели.

Истражувачите откриле дека дури шеесет проценти од оние кои практикувале „жешка јога“ доживеале намалување на симптомите за педесет проценти или повеќе, во споредба со само 6,3 проценти пријавени од учесниците на листата на чекање.
Тие, исто така, откриле дека 44 отсто од оние кои земале часови по јога доживеале толку многу подобрување што повеќе не се квалификуваат како депресивни.

Научниот тим наведува дека симптомите на депресија биле намалени дури и кога учесниците вежбале половина од пропишаната „доза“ на Бикрам јога, што значи дека дури и еден час вежбање неделно може да даде забележителни резултати.

„Јогата, како и интервенциите базирани на топлина, потенцијално би можеле да го променат правецот на лекување на пациентите со депресија“, вели Марен Најџер, доцент по психијатрија на Медицинскиот факултет Харвард и водач на студијата.
„Развиваме нови студии со цел да го утврдиме специфичниот придонес на секој од елементите – топлината и јогата, за клиничките ефекти што ги забележавме“, додава Наџер.