Хрватската пејачка, но најчесто и старлета, згодната Нивес Целзијус, која на македонската јавност ѝ е позната откако кај претседателот Стево Пендаровски имаше прием во вилата на Водно, деновиве ја разбранува јавноста пак, со пикантерии од својот живот. И тоа од она време додека беше во контроверзен брак со фудбалерот Дино Дрпиќ, со кого има две деца.
Нивес и Дино се запознаа во 2004 година, а се венчаа по четири месеци врска и тоа во капела во Лас Вегас.
Набрзо го добија синот Леон, па потоа и ќерката Таша.
Се разведоа за кусо време. Не можеа да се поднесат, па често се расправаа. Сега се само релативно добри пријатели.
-Дино не плаќа алиментација, бидејќи не работи. Јас работам и ги издржувам децата. За децата сум најдобрата мајка на овој свет. Додека бев во брак со Дино, тој еднаш многу грдо ме нападна со зборовите: „Тоа не се твои пари, туку се пари на твоите деца“. Ми пукна филмот и му ја треснав вратата од дневната соба. Потоа не правевме муабет цел месец. Се разведовме!
Бракот ни беше ужасен. Од него немав никаква помош, најмалку емотивна, вели разочараната и сè уште жешката Нивес Целзијус. Таа за инает на Дрпиќ на Инстаграм и ФБ објавува свои разголени фотографии. Тој да пукне од љубомора. Д.М.