Жестока престрелка со 3 жртви во Истанбул: Седнале во кафана да се помират, дискусијата прераснала во вооружен конфликт

1196

Во Ускудар, еден од најстарите делови на Истанбул, дошло до пукање во кое загинале три лица, пренесува Хуриет.

Според информациите, дошло до вооружен конфликт меѓу две групи кои се сретнале во кафана за помирување. Во конфликтот загинаа три лица, а пет лица беа ранети, од кои две потешко.

Инцидентот се случил околу 20:10 часот по локално време во таверна на улицата Ајазма во областа Уналан.

Две групи кои биле во конфликт се собрале во кафана на помирување. Дискусијата меѓу групите прерасна во вооружен конфликт.

Врз основа на дојавата, на местото на настанот се испратени бројни полициски и медицински екипи.

Повредените по првата интервенција на лице место се префрлени во болница. На местото на настанот се пронајдени многу чаури.

Полициски екипи се уште работат на местото на настанот.

Покраината на Истанбул издаде соопштение во врска со вооружениот конфликт во областа Уналан.

„Околу 20 часот и 10 минути дошло до расправија меѓу две групи во кафуле на улицата Ајазма во населбата Уналан во општина Ускујдар, која прераснала во вооружен конфликт. Во инцидентот загинале три лица, а пет лица се ранети, од кои двајца се тешко повредени. Повредените се пренесени на лекување во блиските болници, а истрагата за инцидентот е во тек.