Жена која мокрела алкохол била обвинета дека е алкохоличарка, ама на крајот откриле дека зад тоа се крие ретко пореметување!

273

Неименувана жена (61) мокрела алкохол и негирала дека е зависничка. Лекарите пронашле алкохол во нејзината урина, ама не и во крвта што предизвикало чудење и итни понатамошни истражувања кои покажале за што всушност станува збор, пренесува Дејли мејл.

Во бешиката ѝ пронашле „кандида галабрату“, односно квасец кој во уринаа довел до ферментација на шеќерот. Со редовно посетување на тоалет жената го исфрлала од телото, па алкохолот никогаш не стасал до крвта, што го отежнало пронаоѓањето на дијагнозата.

Стручњакот Кеничи Тамама рекол дека ја тестирал нејзината урина на два начина – еден дел остави да отстои природно, а во друг додал соединение кое ја запира ферментацијата.

Така открил дека во првиот примерок со урина, кој содржи поголемо количество квасец, нивото на алкохолот нараснал од 40 на дури 800 милиграми во децилитар. Додека лекарите биле во шок, на пациентката ѝ олеснило што докажала дека ја зборува вистината, негирајќи ги нивните сомнежи дека е алкохоличарка.

Оваа жена е првата на која реткиот синдром наречен „синдорм на уринарна авто-пивница“, ѝ ги зафатил бешиката и мокрачните патишта, ама имало уште неколку случаи.

Обично се јавува во цревата – квасецот ферментира секој пат кога се јадат јаглени хидрати, односно шеќер.

Така му се случило и на 46-годишен маж кого го запрела полиција и го обвинила за возење под дејство на алкохол. Нивото на алкохол изнесувало дури пет пат над дозволеното ниво, а иако негирал дека консумирал алкохол ниту полицијата ниту семејството не му верувале. На крајот ја добил дијагнозата за овој необичен синдром.

Симптомите се замор, „магла на мозокот“, намалена концентрација, а во потешките случаи и депресија.

Уште не е познато како се добива и лечи синдромот.

Извор:DailyMail