Според министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, реализацијата на железницата од Ккоридорот 10 носи додадена вредност, она што им е потребно во моментот на бизнисот и на земјата. Реализацијата на проектите што имаат додадена вредност ќе има влијание на растот на БДП, од што бенефит ќе имаат и граѓаните, и тоа е она што ѝ треба на земјава во моментот. Најави дека веќе се работи на подготовка на буџетот за 2025 година и дека сè уште има предизвици од штетите што се направени и што се надоместуваат со ребалансот на буџетот
Реализацијата на проектите што имаат додадена вредност ќе има влијание на растот на БДП, од што бенефит ќе имаат и граѓаните, и тоа е она што ѝ треба на земјава во моментот. Проекти што ќе значат пониски трошоци за компаниите и ќе им ги олеснат условите за водење бизнис. Ова го порача министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во гостување во Македонското радио, осврнувајќи се на прашањето околу проектот за изградба на железничката пруга од коридорот 8.
– Суштината е да ги добиеме истите услови и средства како за коридорот 8, само за друг проект. Крајната цел е да ги обезбедиме истите средства за пругата од коридорот 10 како за пругата од коридорот 8. Ирелевантно е на кој начин ќе се изразуваме. За граѓаните е важно и суштински што ќе добијат, односно да добијат проект, проект што ќе има додадена вредност, да им заштедиме пари, бидејќи другиот проект од коридорот 8 завршува во т.н. слепа улица. Терминолошки, дали ќе се изразиме како нова апликација или ќе употребиме пренамена, во суштина е тоа што го добиваме со коридорот 8. Истото го бараме и за коридорот 10. На граѓаните не им е важно дали е нова апликација или слично, ним им е важен бенефитот од самиот проект, и во тоа е суштината – истакна Димитриеска-Кочоска и додаде дека постои секојдневна комуникација и координација со премиерот и со министерот за транспорт и врски, особено околу реализацијата на крупните инфраструктурни проекти.
Како што појасни, целта е во моментов да им се овозможи на компаниите железнички транспорт на стока од пристаништето во Солун, кое е поблиску и кое создава помали трошоци за нив, а со реализацијата на проектот од коридорот 10, дополнително да се намалат тие трошоците.
– Ова, потенцира, е важно и од аспект на цената на производите што ќе ги извезуваат македонските компании во странство, а дополнителен предизвик што стои пред оваа Влада е декарбонизацијата, која претстои. Затоа е прашањето каква политика би воделе, како Влада, ако во моментов правиме нешто што нема додадена вредност за компаниите и не влијае врз намалување на нивните трошоци.
Димитриеска-Кочоска потенцира дека ова не значи дека се спори проектот за изградба на железничката пруга од коридорот 8, но смета дека треба да се работи на проекти што ќе значат раст на БДП, што ќе обезбедат ликвидност за сервисирање на обврските и за некој период од денес да можеме да размислуваме за коридорот 8 и за изградба на железницата.
Во интервјуто посочи дека за годината очекува проектираниот раст на БДП да биде поддржан преку реализација на проектите предвидени со ребалансот на локално ниво, односно преку општините, како и проектите во другите ресорни министерства, и очекува посветеност во реализацијата.
Најави дека веќе се работи на подготовка на буџетот за 2025 година и дека сè уште има предизвици од штетите што се направени и што се надоместуваат со ребалансот на буџетот. Вели дека ќе се оди чекор по чекор и со сериозни мерки за фискална консолидација.