Желбите ќе ѝ се остварат: Лила идна свекрва и патничка за Гетеборг

608

Една од нашите најпопуларни водителки Лила Филиповска (презимето по кое стана популарна го носи од првиот брак, а инаку го има и Стојановска) често мора да се убедува и докажува со своите фанови дека не е родена во Македонија, а да не знае притоа да објасни зошто остана да живее овде кога сите нејзини најблиски се таму…

А, каде?
Во Шведска во градот Гетеборг во кој и самата Лила е родена.
-Точно е тоа дека сум родена во Гетеборг, еден од најубавите европски градови. Таму сè уште живее мојата сестра со семејството. Одвај чекам да одам во Гетеборг да ги видам, да ги посетам!

Сега-засега, водителката сепак ќе причека за да си ја исполни желбата поради строгите мерки во врска со патувањата, а и поради тоа што и самата се чува од пандемијата. Вели, ќе биде стрплива како и за многу работи во животот, па со нетрпение сака да стане и свекрва.

Таа го има синот Филип, нејзиниот најголем успех, злато на мама, кој одвреме-навреме и најавува дека ќе се жени, а кога точно, ќе видиме. Идната свекрва ветува дека ќе биде најдобрата свекрва на овој свет. Па, како вели народната поговорка: Трпение-спасение!    Д.М.