Евроската ракометна федерација (ЕХФ) размислува за можноста да најде спонзор кој ќе ги плаќа чартер леровите на клубовите со цел успешно да биде одржана новата сезона во најелитното ракометно клупско натпреварување.

Пандемијата со коронавирусот ја прекина претходната сезона, а се чини дека во голема мерка ќе влијае и на наредната сезона.

Европската куќа на ракометот беше принудена да го оркаже женскиот завршен турнир во Лигата на шампионите во Будимпешта, кој првично беше поместен за месец септември. Во овој момент неизвесно е и одржувањето на машкиот фајнл фор турнир кој е закажан за крајот на декмври.

Идејата е да се пронајде спонзор кој на тимовите ќе им ги плаќа чартер летовите со цел полесно да може да патуваат на натпреварите. На овој начин би било скратено задржувањето на аеродромите и би се избегнал контакт на спортистите со останатите патници

Границите ширум савето се отвораат и затвораат во согласност со пандемијата во ширење на епидемијата во секоја земја поединечни, рестрикциите при патувањатаи карантинот се различни од земја во земја, а ова дополнително дополнително ја компликува и онак тешката ситуација во меѓународните натпреварувања во сите спортови.

Затоа ЕХФ неодамна пронајде систем по кој би можела да се одржи Лигата на шампионите наредната сезона. Идејата е да се пронајде спонзор кој на тимовите ќе им ги плаќа чартер летовите со цел полесно да може да патуваат на натпреварите. На овој начин би било скратено задржувањето на аеродромите и би се избегнал контакт на спортистите со останатите патници.

Можно еден дел на трошоците за ваквите патувања да падне на товар на клубовите, но тој дел би бил еднаков на она што клубовите би го издвојувале за редовните патувања. Не е наведено дали идеја се однесува на машка и женска конкуренција и дали ќе важи за сите натпреварувања под капата на ЕХФ.