Европската ракометна федерација (ЕХФ) дозволат присуство на гледачи на претстојната завршница од Лигата на шампионите во женска конкуренција, која на 29 и 30 мај ќе се одржи во Будимпешта.

Продажбата на билетите ќе почнат веќе од утре и тоа за половина од капацитетот во салата „Ласло Пап“, каде што ќе се одржат натпреварите. Можност да ги следат натпреварите на четирите најдобри во ЛШ ќе добијат само носителите на документ за вакцинација издаден од унгарските здравствени власти или од земјите со кои Унгарија има потпишано билатерален договор.

Во полуфиналето на 29. мај силите ќе ги одмерат Ѓер и Брест Бретањ (15.15 часот) односно ЦСКА Москва и Кристијанштанд (18 часот), додека утредента во истите термини ќе се одиграат средби за третото место и големото финале.