Европската унија договор „прекин на огнот“ со В.Британија во „војната за колбасите“ со одложување на примената на правилата на ЕУ за пратките на одредени месни производи кои се увезуваат од Северна Ирска и од други делови од Обединетото Кралство.

ЕУ исто така ќе го олесно преминот на Ирското Море за лекови и кучиња водичи и ќе им дозволи на возачите од Северна Ирска да патуваат во Република Ирска со постоечките документи за осигурување.

„Кога Обединетото Кралство нема да ги почитува договорите со нас и кога ќе постапува еднострано, ќе бидеме строги. И, се разбира, можно е да има добри вести кога станува збпр за британско-европските односи“ – изјави висок европски претставник.

„Грејс периодот“ за месните производи требаше да трае до 1 мај. После тоа британските колбаси и меленото место кои не се замрнати веќе не ќе можеа да го преминуваат Ирското Море поради ЕУ забраната за такви производи од трети земји, во кои сега спаќа и В.Британија.

Лондон побара пролонгирање на рокот за уште три месеци за да им се овозможи на двете страни да ги решат спорните прашања.

Надлежните во В.Британија оценија дека продолжувањето на рокот е позитивен прв чекор и напоменуваат дека треба да се постигне договор и за трајно решение на проблемот.

Трговијата сега е регулирана со Северноирскиот протокол кој е договорен за да може границата меѓу Северна Ирска и Република Ирска, членка на ЕУ да остане отворена. Со Протоколот, Северна Ирска остана дел од единствениот европски пазар, но затоа мора да се спроведуваат дополнителни контроли на стоката која го преминува Ирското Море.