Европската унија и фармацевтската компанија Астра-Зенека денеска постигнаа договор со цел да се стави крај на „штетната правна борба“ поради бавната испорака на вакцини против ковид.
Европската комисија наведе дека Астра-Зенека рече дека се „цврсто посветени“ на испорака на 300 милиони дози до март, според купопродажниот договор за кој двете страни се договорија пред една година, пренесе АП.
Досега се испорачани околу 100 милиони дози, а 1,1 милијарда дози Астра-Зенека се дистрибуирани низ целиот свет.
Според новиот договор, англо-шведскиот производител на вакцини треба да достави 135 милиони дози до Европската унија до крајот на годината, плус уште 65 милиони дози во првиот квартал од 2022 година.
Во јуни, белгискиот суд пресуди дека Астра Зенека „сериозно го прекршила“ договорот со ЕУ.