Еурофарм Пелистер го прекомандува Петар Атанасиевиќ

31

Maкедонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер го доби своето прво зимско засилување, кое што доаѓа од редовите на братскиот клуб Еурофарм Пелистер 2. Нов член на „зелено-белите“ е младото лево крило на македонската репрезентација, Петар Атанасијевиќ, кој по две и пол години минати под палката на Александар Јовиќ направи чекор плус во својата купска кариера.

„Репрезентативецот на Македонија, талентираното лево крило Петар Атанасијевиќ е прекомандуван во првиот тим на Еурофарм Пелистер. Атанасијевиќ по две и пол години поминати во Еурофарм Пелистер 2, по барање на тренерот Ларс Валтер, е прекомандуван во првиот тим. Петар во својата играчка кариера настапуваше за РК Алушовски, од каде премина во Еурофарм Пелистер 2. Петар оваа година дебитираше и на Светското првенствао, каде ги бранеше боите на македонската репрезентација“, се вели во соопштението на Еурофарм Пелистер.

Пред стартот на оваа сезона по истата патека се движеше и неговиот брат близнак, Павле Атанасијевиќ, а од вториот тим на битолчани се прекомандувани уште Цветан Кузманоски и Емилијан Ѓорѓовски.