ЕТНА ПОВТОРНО ЕРУПТИРАШЕ: Затворен аеродромот во Катанија, авионите и пистите прекриени со пепел/ВИДЕО

47

Вулканот Етна еруптираше во текот на ноќта, поради што беше затворен блискиот аеродром во Катанија, на источниот брег на Сицилија!

Како што е соопштено од италијанскиот институт за геофизика и вулканологија (INGV), Етна исфрлила голема количина чад и пепел до висина од 9,5 километри. Раководството на аеродромот во Катанија најави дека ќе биде затворен до 18 часот по локално време.

Авионите и пистите ги прекриле со пепел, а од патниците било побарано да не пристигнуваат на аеродромот пред да го проверат статусот на нивниот лет.

Темна прашина ги покри куќите и улиците низ Катанија.

Етна, висок 3.350 метри, е најголемиот активен вулкан во Европа. Често еруптира и е под постојан надзор, а неговите спектакуларни ерупции секогаш привлекуваат голем број љубопитни луѓе.