Естонскиот парламент одобри користење на замрзнати руски средства за плаќање на компензација за воената штета во Украина, објави Министерството за надворешни работи на земјата.
Минатата недела, амбасадорите на Европската унија се согласија да ги искористат неочекуваните пари од средствата на руската централна банка, кои ЕУ ги замрзна, за воена помош за Украина, пишува Ројтерс.
Таа одлука би можела формално да биде усвоена следната недела „Направивме голем чекор кон создавање преседан што може да го следи Европа“, рече министерот за надворешни работи Маргус Чакна.
Групата седум земји (Г7) замрзна околу 300 милијарди американски финансиски средства набргу откако Москва го започна конфликтот во Украина во 2022 година.