Есенска боја во чинијата: Чорба со тиква и праз

68

Мирисна, со неверојатна боја и уште по неодолив вкус, тиквата е вистинска кралица на есенската трпеза. Ако сте навикнати да ја јадете и готвите само како десерт, време е да почнете да уживате и во нејзината друга страна, онаа солената. Токму поради својот слаткаст вкус тиквата е совршена во комбинација со сезонските зеленчуци во неодоливите чорби.

Потребно е:

  • 2 кг тиква
  • 4 големи страка праз, белите и меките зелени делови, грубо исечкани
  • 5 лажици несолен путер
  • 7 гранчиња свежа мајчина душичка
  • 5 шолји пилешки бујон
  • 1 1/5 лажиче сол
  • ½ лажиче свежо сомелен црн пипер
  • ½ шолја кисела павлака
  • Околу 3 лажичиња свежо исечкан власец
  • за декорација 8 ленти сланина, печурки или крутони

Приготвување:

Прво испечете ја тиквата исечена на парчиња со мекиот дел надолу, на хартија за печење и печете додека да омекне. Кога ќе се се подизлади, издвојте ја средината со лажица.

Во меѓувреме во тенџере растопете путер на тивок оган, додадете ги празот и мајчината душичка, мешајќи повремено, додека да омекне празот, околу 40 минути, и на крајот извадете ги гранчињата мајчина душичка.

Додадете ги бујонот и пирето од тиквата. Варете на умерен оган околу 20 минути. На крајот испасирајте ја супата во блендер додека да добиете креместа, мазна чорба. Вратете ја супата во тенџерето и зачинете ја по вкус со сол и црн пипер.

При служењето во секоја чинија ставете лажица киселака павлака, лажиче власец и парченца сланина.