ЕСА руските ракети ќе ги замени со ракетите на Илон Маск

104

Европската вселенска агенција (ЕСА) започна прелиминарни технички разговори со SpaceX на Илон Маск во врска со привременото користење на ракетите за лансирање на приватната вселенска агенција, откако на Западот му беше блокиран пристапот до руските ракети Сојуз.

SpaceX се појави како клучен кандидат за привремено опслужување на лансирањата, заедно со Јапонија и Индија, но конечната одлука ќе зависи од презакажаното лансирање на ракетата Ariane 6.

„Би рекол дека има две и пол опции за кои разговараме. Едната опција е SpaceX, а другата е можеби Јапонија. Друга опција би можела да биде Индија“, откри директорот на ЕСА, Јозеф Ашбахер говорејќи за Reuters.

Тој оцени дека SpaceX е во поподготвена оперативна состојба и „секако една од резервните варијанти што се разгледува“.

Русија и Европа, како и другите големи светски сили кои соработуваат на полето на вселенската технологија, ги влошија своите партнерски односи поради војната во Украина.